Буџетскиот дефицит на Црна Гора во 2025 година ќе биде 1,2 милијарди евра

Буџетскиот дефицит на Црна Гора во следните две години дополнително ќе се зголемува, а во 2025 година ќе достигне сума од дури една милијарда и 200 милиони евра! Ова е наведено во програмата за работа на Владата на Црна Гора за 2023 година, пишува порталот Аналитика, пренесува Пословни хр.

„Согласно трендот на буџетскиот дефицит и отплатата на долгот, буџетскиот дефицит во 2023 година е проектиран на 715,8 милијарди евра, 842,14 милиони евра во 2024 година и речиси 1,2 милијарди евра во 2025 година“, се наведува во тој документ.

Од друга страна, како што се наведува, според фискалната рамка за периодот 2023-2025 година, јавните финансии во 2023 година ќе останат под силно влијание на растот на буџетските расходи условени пред се со растот на задолжителните буџетски трошења, па согласно со законските решенија се предвидува зголемување на средствата за социјалните надоместоци, пензиите, поголема распределба на средства за Фондот за здравство, средства за исплата на надоместоци за новородените деца, повисоки издвојувања за капиталниот буџет, доколку се издвојува за автопатот, како и зголемување на средствата за областите на земјоделството, образованието, науката и спортот.

„Покрај горенаведените распределби, одговорниот пристап кон управувањето со јавните финансии во 2022 година создаде услови за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор во 2023 година, што ќе ја следи стапката на инфлација“, се вели во програмата за работа на Владата на Црна Гора за оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот