Брзата пруга Белград-Нови Сад остана без обезбедување, договорот е откажан

Фото: МИА

Републичката комисија за заштита на правата во постапките за јавни набавки го поништи договорот за обезбедување на објекти и имотно обезбедување на дел од брзата железница Белград Центар – Нови Сад, пишува Нова економија рс.

Договорот вреден 42,3 милиони динари без ДДВ, кој беше доделен на група понудувачи предводени од компанијата „Добергард“ од Белград, е откажан. Поради спорниот договор, Републичката комисија изрече парична казна и на „Железничка инфраструктура на Србија“ и на директорот на компанијата Небојша Шурлан.

„Железничка инфраструктура“ е должна да плати 400.000 динари, а Шурлан 80.000 динари. Исто така, „Железничка инфраструктура“ треба да ги надомести трошоците за постапката за заштита на правата на компаниите „Евросекјурити“, „Железно гард обезбедување“, „Јакуза“, „Астра секјурити и детективи“ и „ИК безбедносен систем“ во износ од 165.000 динари.

Овие компании поднеле барање за заштита на правата бидејќи сметале дека победничкиот конзорциум не ги обезбедил сите потребни докази за исполнување на критериумите за доделување на договорот. Сепак, „Железничка инфраструктура“ на оваа група понудувачи и ја додели работата за обезбедување на дел од брзата пруга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот