Бројот на загинати во конфликтот меѓу Киргистан и Таџикистан се искачи на 81

Бишкек, Киргистан / 5 октомври 2020 / Фото: EFE/IGOR KOVALENKO

Киргистан и Таџикистан соопштија дека бројот на загинати од нивниот пограничен конфликт се искачи на 81, по кревкиот прекин на огнот што се одржа меѓу двете земји од Централна Азија, како и повикот на нивниот заеднички сојузник Русија на деескалација, јави Ројтерс.

Поранешните советски републики изминативе денови се судрија околу граничниот спор, обвинувајќи се меѓусебно дека користеле тенкови, минофрлачи, ракетна артилерија и јуришни беспилотни летала за да напаѓаат пунктови и блиски населби.

Прашањата за границата на Централна Азија во голема мера потекнуваат од советската ера кога Москва се обиде да го подели регионот меѓу групи чии населби често се наоѓаа среде населбите од други етникуми.

Киргистан во неделата објави дека загубила 46 војници во претходните борби и исто така соопшти дека евакуирале околу 137.000 луѓе од конфликтната област. Владата го прогласи 19 септември за ден на жалост за жртвите.

Киргистанските медиуми, кои го опишаа конфликтот како инвазија, објавија дека некои од евакуираните веќе почнале да се враќаат во своите домови.

Таџикистан, исто така, објави за своите жртви, велејќи дека загинале 35 лица.

Министерството за надворешни работи на Таџикистан соопшти дека Киргистан продолжува со медиумската кампања против нив и истакна дека киргистанскиот претседател Садир Јапаров непотребно го користел терминот „непријател“, кога говорел за Таџикистан.

Двете страни се договорија за прекин на огнот на 16 септември, кој во голема мера се задржа и покрај неколкуте наводни инциденти со гранатирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот