Брнабиќ: Прислушувањето на претседателот е државен удар, се плашев за мојата и неговата безбедност

epa06443464 Serbian President Aleksandar Vucic (R) consults with Prime Minister Ana Brnabic (L) during the press conference following the assassination of Oliver Ivanovic in Belgrade, Serbia, 16 January 2018. The former State Secretary for Kosovo and Metohija and a subject of a controversial war crimes trial and retrial, was shot dead in Mitrovica, Kosovo, 16 January 2018, according to media reports. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ смета дека прислушувањето на претседателот на државата и членовите на неговото семејство е практично државен удар.

Брнабиќ, во интервју за Блиц рече дека не знае кој го прислушкувал српскиот претседател, Александар Вучиќ, но дека тоа сигурно е некој на висока државна функција затоа што никој друг нема такви капацитети.

„Властите си ја вршат својата работа и јас со нетрпение очекувам да ги добијам резултатите од истрагите. Некој ги злоупотреби државните капацитети за најлоша можна цел, а тоа е, ако ги прислушкувате претседателот и членовите на неговото семејство, практично државен удар“, рече српскиот премиер.

На прашањето дали некогаш ќе се открие кој го сторил тоа, Брнабиќ истакнува дека е сигурна дека тоа ќе се случи.

Говорејќи за апсењата на Вељко Беливук и членовите на неговата криминална група, Брнабиќ одговори на прашањето дали ова ќе заврши, со оглед на тоа што се споменува дека им помагал некој од врвот на државата, и дека освен неколку полицајци, не беше уапсена ниту една крупна риба, Брнабиќ вели дека големите играчи се донесени на испрашување и дека останува да се видат резултатите од тоа.

„Државата беше неспоредливо поефикасна и подготвена, затоа не се чувствувам одговорна, туку горда што, како држава, успеавме, со напорна разузнавачка работа, да предупредиме на сè што криминалците сакаа да сторат за да ја дестабилизираат земјата“, посочува српскиот премиер.

Според неа, тие сè уште стравуваат за безбедноста на претседателот Вучиќ затоа што тој е позагрозен затоа што во него гледаат фигура која обезбедува стабилност и безбедност на државата.

„Се плашев за мојата и безбедноста на претседателот на Србија. Сè уште се плашам, не заради мојата, туку за безбедноста на претседателот Вучиќ, затоа што е природно дека е загрозен, затоа што на него се гледа како на фигура што обезбедува стабилност и безбедност на државата, како политичка, така и економска и на сите други, и гарантира напредок. Сигурен сум дека има многу луѓе и во земјата и во странство кои не ја сакаат толку силна и стабилна Србија“, заклучи српскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот