Британските железничари штрајкуваат, бараат повисоки плати

Фото: Profimedia

Британските железничари денеска на повик на синдикатот започнаа штрајк, со барања за повисоки плати во мигови кога растечката инфлација го разјадува животниот стандард.

Синдикатот за железнички, поморски и патен транспорт повика на два 48-часовни штрајкови оваа седмица, со откажување на услугите прво денеска и утре, а потоа и в петок и сабота.

Штрајковите следат по неуспехот на преговорите со работодавците и откако синдикатите ја отфрлија најновата понуда за платите и условите за работа од компаниите што управуваат со железничката мрежа.

Во Велика Британија за овој месец се најавени штрајкови уште и на медицинските сестри, граничарите и на возачите на Службата за итна медицинска помош, принудувајќи ја Владата да размисли за мобилизирање на армијата како припомош во јавните услуги зимава.

Штрајковите може да го загрозат и бизнисот на продавниците, хотелите и рестораните чии приходи во многу зависат токму од работењето за време на Божикните и новогодишните празници.

Незадоволството на работниците е големо бидејќи високите цени на храната и енергенсите предизвикаа инфлацијата да достигне 11,1 отсто, што е ниво највисоко во последните 41 година.

Поради штрајкови во октомври се изгубени околу 417 илјади работни денови, најмногу во последната деценија.

Освен барањето за зголемување на платите, синдикатот се спротивставува на предлозите што би можеле да доведат до губење работни места и принуденост на вработените да работат ноќе и викенди, со ризици по безбедноста.

Железничките компании и Владата наведуваат дека мора да се промени начинот на работа на железничката мрежа за да се контролираат трошоците настанати поради пандемијата која влијаеше за намалување на патничкиот сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот