profimedia

Британските медиуми „горат“: Вилијам и Кејт се подготвуваат за тронот! (ФОТО)

Странските медиуми овие денови буквално „горат“ за тоа дека Кејт и Вилијам на големо се подготвуваат за тронот. Она на што најмногу се обрнува внимание е брачната заедница на познатиот пар.

„Тие внимаваат еден на друг на разни начини. Некои луѓе би кажале дека нивниот брак е старомоден, но изгледа дека функционира“, вели добро информираниот извор.

„Тие имаат различни улоги, но работат како тим“.

profimedia

Тимската работа најдобро се забележа во текот на нивната службена посета на Пакистан во месец октомври. Британските медиуми наведуваат дека принцот Вилијам е подобар избор за иден крал од принцот Чарлс.

„Има подобар имиџ во јавноста, а и поприземен е во однос на било кој друг член од кралското семејство“, наведува кралскиот историчар Роберт Лаци.

Дали навистина во 2020 година доаѓаат некои нови моменти за кралското семејство?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот