
Британските гардисти ја чуваат најскапата недвижност во светот: Ова е нејзината вредност иако не е на продажба
Бакингемската палата, според луксузот, традицијата, но и цената, останува на тронот на престижните светски недвижнини. Британските гардисти имаат многу важна и одговорна улога: тие дење и ноќе ја чуваат најскапата недвижност во светот, која е во сопственост на британското кралско семејство.
Препорачано

Се проценува дека Бакингемската палата вреди 2,9 милијарди долари и таа останува на тронот на престижните светски недвижнини. Палатата е само еден од многуте луксузни имоти во сопственост на британското кралско семејство.
Сместена во Лондон, таа има 775 соби, 78 бањи, 92 канцеларии и 19 кабини. Официјална резиденција на британската монархија е од 1873 година.

Според големината, палатата има дури 77.000 квадратни метри. Сепак, и покрај импресивната големина и титулата најскапа куќа во светот, сепак не е најголемата палата во светот.
Речиси е сигурно дека Бакингемската палата никогаш нема да биде на продажба, што дополнително влијае на нејзината вредност. Интересно е што се наоѓа на местото на поранешна градина со црници, која ја засадил кралот Џејмс Трети, со цел да се соберат свилени буби.
Меѓутоа, бидејќи тој засадил погрешен вид црница, производството на свила никогаш не заживеало. Тој ја купил во 1761 година како куќа за неговата сопруга, кралицата Шарлот, а во 1820 година била претворена во палата.

Најскапиот имот на светот е има 1.514 врати и 760 прозорци, кои се чистат еднаш месечно.
На второто место на листата најскапи недвижности во светот е Куќата на Антили (Индија), вредна милијарда долари, а на третото е вилата Леополд на Азурниот брег во Франција, вредна 750 милиони долари.