Британски производител на зелена струја сече шуми во Канада

Unsplash

Британскиот производител на електрична енергија од обновливи извори Дракс доби милијарди фунти зелени субвенции од даночните обврзници, а во Канада сече шуми важни за животната средина, јави Би-Би-Си.

Дракс управува со најголемата електрана во Британија, согорувајќи милиони тони дрвени пелети класифицирани како обновливи извори на енергија.

Би-Би-Си наведува дека дел од дрвото што се користи за производство на пелети доаѓа од прастарите шуми во Канада.

Компанијата тврди дека користи само струготини и отпадно дрво.

Би-Би-Си анализираше сателитски снимки и ги следеше дозволите за сеча, кори стејќи дронови за да ги докаже своите тврдења.

Екологистот Мишел Коноли вели дека „компанијата уништува шуми за кои биле потребни илјадници години да се развијат”.

„Навистина е штета што британските даночни обврзници го финансираат ова уништување. Сечењето на природните шуми и нивното претворање во пелети што се палат за електрична енергија е апсолутно лудило”, рече Коноли.

Електраната на Дракс во Јоркшир некогаш користеше јаглен, а сега произведува 12 отсто од обновливата електрична енергија во Велика Британија и веќе доби шест милијарди фунти „зелени” субвенции.

Палењето дрва се смета за „зелено”, но е контроверзно меѓу еколозите.

Последните сателитски снимки покажуваат дека Дракс моментално ја сече шумата, велат од Би-Би-Си. Компанијата, пак, соопшти дека многу од дрвјата таму пресушиле и дека сечата ќе го намали ризикот од шумски пожари.

Владата на Британска Колумбија нагласи дека древните шуми се исклучително важни и дека компаниите треба да го одложат нивното сечење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот