Британска учителка заглавена во Газа: Министерството ми испрати тажно емоџи

Британска учителка заглавена во Газа / Фото Слободен печат колаж / ЕПА

Британска учителка од Манчестер заробена во Газа изјави за Скај њуз дека се чувствува безначајно откако Министерството за надворешни работи на Велика Британија ѝ кажало дека ништо не може да направи за да ѝ помогне да ја напушти областа.

Зејнаб Вандави била во Газа повеќе од три недели со 10 членови од семејството на нејзиниот сопруг. Групата отпатувала во Газа само неколку дена пред злосторството на 7 октомври што го предизвика сегашното насилство. И покрај нејзините обиди да влезе во Египет преку преминот Рафах, 29-годишната учителка рече дека немала никаква шанса.

Пораките споделени од Зејнаб и претставник на британското Министерство за надворешни работи со Скај њуз покажуваат дека таа моли за помош. Во саботата вечерта, од министерството и напишале: „Поздрав, Зејнеб, како си со храна и вода? Дали си повредена?“ Таа им одговорила: „Немаме многу – едвај јадеме и пиеме, затоа што нема ништо. Водата е луксуз“.

Службеникот и рекол дека немаат информации кога ќе биде отворена границата кон Египет. Зејнаб одговорила: „Колку подолго сме тука, толку е поголема шансата да не стигнеме до границата. Мислам дека тие не знаат колку нашите животи се загрозени“. Како одговор, службеникот вратил само тажно емоџи: „Навистина не разбирам зошто чекаат толку долго“.

Скај њуз дозна дека интензивна дипломатска комуникација меѓу Британија, Израел и Египет се одржа овој викенд за да се изработи план за отворање на границата во Рафах. Зборувајќи за Скај њуз од Газа во понеделникот, Зејнаб рече дека е очајна да замине бидејќи ситуацијата е „многу страшна и небезбедна“:

„Се чувствувам како воопшто да не ме сметаат за британски државјанин, се чувствувам безначајно, да бидам искрена. Многу сум лута бидејќи секој ден има поголеми шанси никогаш да не излеземе. Многу е страшно, има многу мртви. Не сакам да навлегувам во детали преку телефон, но ситуацијата е ужасна. Никогаш не сум била сведок на вакви работи“.

Во пораките што ги добила Зејнаб, се вели и дека британската влада нема персонал во Газа за да и помогне и дека властите прават се што можат за да и помогнат.

Зајнаб изјави за Скај дека таа и семејството на нејзиниот сопруг го прифатиле најлошиот исход: „Тука сум со мојот сопруг и неговото семејство, убаво е што сите сме заедно, но во исто време се чувствувам како да нема да бидам во можност да се збогувам со моето семејство во ОК, нема да бидам во нивна близина ако нешто ми се случи“.

Во изјавата за Скај, британското Министерство за надворешни работи рече: „Како што рекоа премиерот и министерот за надворешни работи, безбедноста на британските државјани останува наш главен приоритет. Ние тесно соработуваме со Египет и Израел за да се осигураме дека сите британски државјани кои сакаат да ја напушти Газа може да замине преку преминот Рафах или други рути што е можно побрзо. Ние сме во близок контакт со британските државјани во Газа и ќе продолжиме да ги информираме за ситуацијата на преминот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот