Меланија Трамп / Фото: Profimedia

Британска издавачка куќа ѝ се извини на Меланија Трамп поради обвинувањата дека Епстин ја запознал со сопругот Доналд

Британската издавачка куќа „Харпер Колинс“ издаде формално извинување до првата дама на САД Меланија Трамп и повлече книга во која беа објавени непотврдени тврдења дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ организирал на Меланија средба со Доналд Трамп, пренесуваат западните медиуми.

„Харпер Колинс“ е третата издавачка куќа што издаде јавно извинување до Меланија Трамп и отстрани содржина поврзана со обвинувањата за Епстин, објави „Аксиос“.

Адвокатите на првата дама рекоа дека активно покренуваат тужби „против сите оние што шират злонамерни, клеветнички лаги“.

-Вистинската приказна за тоа како првата дама го запознала претседателот Трамп е содржана во нејзината најпродавана книга „Меланија“. Книгата откри дека првата дама го запознала својот иден сопруг на забава во Њујорк во 1998 година и дека биле запознаени од некој друг, а не од Епстин – изјави портпаролот на Меланија Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот