Британка украла петнаесет илјади фунти од заштедата на синот со аутизам, сите пари ги потрошила на себе

Борнмут / Фото: john hill / Alamy / Alamy / Profimedia

Мајка украла петнаесет илјади фунти од заштедата на својот син со аутизам и ги потрошила сите пари на себе. Судот во Борнмут ѝ одреди условна казна. Во текот на судењето се дозна дека Шерил Линс (47) ги земала парите наменети за терапија на нејзиниот син и ги потрошила на таксиња и шопинг.

Наведените пари ги заштедил згрижувачки родител кој се грижел за синот на Линс пред да биде сместен во Центарот за лица со посебни потреби. „Младиот човек има сериозни тешкотии во комуникацијата, има аутизам и не знае како да управува со сопствените пари“, изјави обвинителката Роуз Бурнс.

Линс во петокот се изјасни за виновна по обвиненијата за измама со злоупотреба на положбата. Судијата рече дека нејзиното однесување заслужува презир и ја осуди Линс на две години условна казна. 47-годишната жена ја презела одговорноста за финансиите на нејзиниот син кога тој се преселил во Центарот во Борнмут на 18-годишна возраст.

Од 2017 до 2020 година, таа подигнала помеѓу 14.000 и 15.000 фунти од неговата сметка. Но, тогаш социјалниот работник се посомневал во измама и пријавил во полиција, пишува Дејли Мејл.

Адвокатот на Линс, Кристофер Пикс, пред судот изјави дека неговата клиентка не е професионален измамник и дека се кае за своите постапки. Рече дека и самата имала тешко детство, кое го поминала со разни згрижувачки родители. Таа ги украла парите бидејќи била во многу големи долгови, изјави Пикс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот