БРИТАНКА ЛАЖЕЛА ДЕКА ГРУПНО ЈА СИЛУВАЛЕ: Прогласена за виновна, на 7 јануари ќе и биде изречена казна

Фото: илустрација

Жената била уапсена откако и рекла на полицијата дека го повлекла обвинението дека кон средината на јули ја силувале израелски тинејџери во хотелска соба во летувалиште Аја Напа.

Кипарскиот суд денеска ја прогласи виновна за лажење на суд Британката која тврдеше дела група израелски момчиња ја силувале пред шест месеци.

Во случајот кој внимателно го следеа повеќе групи за заштита на човекови права, окружниот суд во Градот Паралимни пресуди дека 19-годишната жена лажела дека ја силувале 12 израелски тинејџери. Изрекувањето на казната е закажано за 7 јануари.

Жената била уапсена откако и рекла на полицијата дека го повлекла обвинението дека кон средината на јули ја силувале израелски тинејџери во хотелска соба во летувалиште Аја Напа.

Таа објасни дека го повлекла обвинението под полициски притисок при упорно испитување без присуство на адвокат. Обвинителите и судот го отфрлија тврдењето.

– Мој заклучок е дека вината на обвинетата е докажана – рече судијата при изрекувањето на пресудата опишувајќи ги нејзините тврдења како недоследни и додаде дека се обидела да го измами судот.

Израелците, кои ги негираа сите обвиненија за силување, беа пуштени 10 дека по апсењето без подигнување обвинение и на денот кога жената дала изјава дека ги повлекува обвиненијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот