Бремена жена паднала во шахта во Софија

Бремена жена (38) паднала во шахта во близина на Централната пошта во Софија, пишува бугарски БНТ. Се движела со сопругот кога згазнала на шахтата, а потоа металните капаци се поместиле и таа паднала на височина од околу три метри.
Жената веднаш била пренесена во Пирогов, каде лекарска екипа ја прегледала, пренесуваат бугарските медиуми.
Полицијата врши увид на лице место. Пристигна и екипа од општина Софија.
Видео на денот