БРАВО за основците на оваа општина, возрасните можат да земат пример од нивните постапки!

Со чистење на училишните дворови, денеска, еден ден порано, основците ја најавија големата еко-акција, која што утре, ќе ја спроведе на својата територија општина Карпош, со помош на неколку институции , заинтересирани граѓани и општествено одговорни фирми.

Заедно со своите наставници, основците од сите десет училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, ги чистеа училишните дворови и засадија нови садници. Исто така, преку транспаренти напишани на хамер, тие упатија пораки за заштита на животната средина, и потребата од одржување на здрава животна околина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот