Фото: facebook.com/Македонски-тенис

БРАВО: Калин Ивановски триумфира на турнирот во Тунис

Талентираниот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните игри и денеска го освои ИТФ турнирот што се играше во Монастир, Тунис.

Ивановски во финалето беше подобар од тенисерот од БиХ, Азиз Кијаметовиќ и тоа со пресврт од 4:6,6:4,6:1.

Тенисерот од БиХ славеше во првиот сет со 4:6, но Ивановски возврати со иста мерка.
Македонскиот тенисер вториот сет го доби со 6:4 и се избори за одлучувачки трет сет во кој до декласира Кијаметовиќ дозволувајќи му да освои само еден гем.

Калин Ивановски има одлична година, а покрај триумфорт во Монастир, најзабележителен успех имаше на младинскиот Вимблдон каде играше во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот