Брачен пар од Молдавија уапсен во Париз откако ги фатиле како цртаат Давидови ѕвезди на еврејски куќи

Полиција Франција/ Фото fotononstop / Profimedia

Брачна двојка е уапсена во Париз затоа што цртала Давидови ѕвезди на куќи во сопственост на Евреи ноќта меѓу вторникот кон средата. Неименуваниот пар (33-годишен маж и 29-годишна жена) потекнуваат од Молдавија. Тие биле уапсени откако сведоци ги виделе како го чкртаат симболот на јудаизмот на ѕидовите на зградите каде што живеат Евреи или каде што се наоѓаат еврејски организации. Двојката е во притвор, а француските власти ќе одлучат дали ќе ги депортираат.

Графитите со Давидовите ѕвезди се појавија низ француската метропола во последните денови, по антисемитските инциденти за кои француските политички лидери велат дека ги потсетуваат на 1930-тите. Околу 60 Давидови ѕвезди беа насликани на ѕидовите на куќите во 14-тиот арондисман на Париз на почетокот на неделата, според Би-Би-Си, кој наведува дека Франција се бори со нагло зголемување на антисемитските инциденти.

Повеќе од 850 вакви инциденти се пријавени во Франција од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин. Париските власти најавија дека ќе покренат истрага за оштетување на имот со расистички намери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот