Борусија Дортмунд ги надмудри гигантите: Носи ново фудбалско чудо за кое лобираше дури и сер Алекс Фергусон

twitter/Chelseafc Official

„Милионерите“ успеаја да го победат Манчестер јунајтед и наскоро Џад Белингем ќе стане нов член на Борусија Дортмунд.

Германскиот тим се покажа како одлична средина за младите и талентирани фудбалери кои сакаат да се развиваат на вистински начин, а сега успеа да издвојува уште една голема победа на трансфер пазарот.

Како што пренесува „Билд“, Белингем до крајот на неделава треба да пристигне во Дортмунд каде ќе изврши лекарски прегледи по што ќе потпише договор со Борусија.
Сега „Билд“ открива дека деталите од трансферот се променети, Борусија наместо првичните 23 милиони евра, ќе плати 25 милиони, додека платата на 17-годишниот фудбалер ќе изнесува огромни три милиони евра. Новото англиско чудо од дете во Бирмингем заработува 400 пати помалку, или 145 фунти неделно.

Поради правилата на ФИФА кои налагаат дека фудбалер помлад од 18 години не може да потпише договор подолг од три години, нареднотно лето Белингем ќе добие нов договор со истата плата, а Бирмингем треба да добие процент од наредната продажба.

Интересно е што најголем интерес за него пројави Манчестер јунајтед, дури и легендарниот тренер сер Алекс Фергусон се вклучи во лобирање и имаше неколку разговори со младиот фудбалер, но на крајот победата ја однесе Борусија Дортмунд.

Белингем верува дека Дортмунд е идеалниот тим за него бидејќи смета дека ќе добие доволно шанси да заигра и тоа во силна лига како Бундеслигата. Младиот фудбалер се надева дека ќе тргне по стапките на Санчо кој на 17 години дојде во Борусија и по само три сезони стана еден од најдобрите фудбалери во Европа.

„Милионерите“ веќе направија план за развој на 17-годишниот фудбалер кој во наредната сезона нема веднаш да добие место во првиот тим, но до крајот на сезоната се очекува да биде стандарден првотимец и во средниот ред да игра заедно со Аксел Витсел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот