Борисов смени четворица министри за да ги спречи демонстрантите да протестираат

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска смени четири министри во рамките на реконструкцијата на владата чија цел е да ги спречи протестите против корупцијата на кои демонстрантите веќе со денови бараат негова оставка, пренесуваат бугарските медиуми.

Борисов ги промени министрите на неколку клучни министерства, како финансии, економија, туризам и надворешни работи.

Наследникот на министерот за економија, Емил Караниколов ќе биде неговиот заменик Лачезар Борисов.

Mинистерството за финансии ќе го превземе актуелниот министер за здравство Кирил Ананијев, додека на чело на здравство ќе биде поставен директорот на Александриската болница во Софија, Костадин Ангелов.

Директорот на полицијата, Христо Терзиски седнува на министерското столче во надворешни работи.

Летаа ролни тоалетна хартија и капи кон институциите – протести во Бугарија 14. ден и еден разголен имитатор на Борисов (ВИДЕО+ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот