Борисов: Гоце Делчев е бугарски револуционер и македонски војвода

Премиерот на Бугарија Бојко Борисов на својот Фејсбук профил оддаде почит на големиот револуционер Гоце Делчев и порача дека тој го дал својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одрин.

„Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одрин. Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како, час поскоро, да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина“, пишува Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот