Борис Џонсон испрати порака од Манчестер: Да го спроведеме Брегзит на 31 октомври

На годинешната конеференција на конзервативната партија, коај се одржала попладнево во Манчестер, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, повикал на спроведување на Брегзит на 31 октомври.

Презентирајќи дел од планот, кој треба да му го достави и на Брисел, Џонсон рече дека под никакви околности нема да има проверки на или во близина на границата со Северна Ирска, додавајќи дека тие ќе го заштитат мировниот процес и договорот во Белфаст.

– Можете ли да замислите уште три години од тоа? Ова е агенда на опозицискиот лидер Корбин – останување во ЕУ и по 31 октомври, плаќајќи 1 милијарда фунти месечно за привилегија по неколку години неизвесност за бизнисот и сите – изјави британскиот премиер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот