Борел вели дека проширувањето е „најсилниот капацитет за стабилност“ на ЕУ

Жосеп Борел
Жосеп Борел / Фото: EPA-EFE/FREDERICK FLORIN / POOL

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска по пристигнувањето на самитот на Европскиот совет изјави дека стабилноста најдобро се овозможува со проширувањето.

Тој рече дека проширувањето е „најсилниот капацитет за стабилност“ што го има ЕУ, не само кога станува збор за Украина, туку и за земјите-кандидати на Балканот и рече дека затоа е важно да се донесат правилни одлуки на денешниот самит.

Борел на новинарите пред самитот им изјави дека прашањето за проширувањето ќе биде важен дел од дискусиите на самитот што се одржува денеска и утре.

„Проширувањето е најважната надворешна политика“, нагласи Борел.

Тој денеска во Брисел изјави дека ЕУ мора да ја поддржи Украина „колку што е можно“ и посочи дека тоа е егзистенцијално прашање за Европа.

Тој посочи дека за време на самитот ќе ги извести лидерите за работата поврзана со безбедносните обврски на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот