Борел: Русија и Кина сакаат да го зголемат своето влијание во време на пандемијата

Тие го користат своето влијание во земјите каде ЕУ не успеа да даде адекватен економски одговор на кризата.

Високиот претставник за надворешна и безбдносна политика на Европската унија Жозеп Борел денеска предупреди на ризикот дека актери надвор од Европа, пред се Кина и Русија, сакаат да ја искористат ситуацијата со пандемијата на коронавирус за да го прошират своето политичко влијание на одделни европски држави. Тие, како што вели го користат своето влијание во земјите каде ЕУ не успеа да даде адекватен економски одговор на кризата.

Тој вели оти е јасно дека Русија и Кина сакаат да го зголемат своето влијание на глобално ниво, што, според него, е очекувано и не треба никој да биде изненаден.

Борел потенцира дека тие земји ги користат своите капацитети за да го прошират влијанието и оти станува збор за „игра со наративот”, кој треба да покаже дека одредени политички системи се „подобри од нашите во однос на пандемијата на коронавирус”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот