Борел: Многу луѓе во светот се уште страдаат од закани, напади и убиства поради нивната религија или верувања

Жосеп Борел / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Седумдесет и пет години по усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, која ги гарантира правата на сите човечки суштества да имаат, да ја менуваат и да ја манифестираат својата религија или верувања, премногу поединци во многу делови од светот се уште страдаат од закани, физички напади, убиства, дискриминација и прогонство, исклучиво поради нивната религија или верувања, наведува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во својата порака по повод 22 Август – Меѓународен ден за сеќавање на жртвите на насилство поради верска припадност или верувања.

На овој ден, нагласува Борел, Европската Унија сака да се сеќава на сите жртви на верски мотивираното насилство и уште еднаш ги повика сите држави целосно да го почитуваат членот 18 од Универзалната декларација за човекови права и да се борат против какви било акти на верски прогон и дискриминација.

„Ширум целиот свет, поединците изложени на ризик треба да бидат заштитени, а сторителите на актите на насилство мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Никогаш не треба да се повикува на религијата како оправдување за напади врз лица кои им припаѓаат на малцинствата. Европската Унија потсетува дека слободата на вероисповеста или верувањето и слободата на изразување се универзални, меѓусебно зависни и поврзани права, што се зајакнуваат меѓусебно“, се додава во пораката на Борел.

Според него, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, покрај државите, и верските лидери, политичарите, граѓанските организации и приватните компании имаат клучна улога во откривањето и спротивставувањето на чиновите на поттикнување омраза, дискриминација и насилство врз поединци и групи.

„ЕУ ќе продолжи да ги користи сите алатки што и стојат на располагање, вклучувајќи ги дијалогот за човекови права, резолуциите на мултилатералните форуми, соработката со специјалниот известувач на ОН за слобода на религијата или верувањато и меѓуверските иницијативи за поддршка на заштитиниците на човековите права и заштита на слободата на вероисповеста или верувањата“, потенцира Борел.

Тој најавува дека Европската Унија во текот на оваа година ќе одвои 5 милиони евра за поддршка на организациите кои работат на промовирање и заштита на слобода на религијата или верувањата.

„Европската унија продолжува да се залага за слобода на религијата и верувањето, во странство и дома, нагласува Борел на крајот од пораката по повод Меѓународиот ден за сеќавање на жртвите на насилство поради верска припадност или верувања – 22 Август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот