Борба против метежот: Сингапурци плаќаат по 100.000 евра само за право да купат возило

Метежот во Сингапур е прескап - Фотографија Profimedia

Цената на десетгодишната лиценца за поседување автомобил во Сингапур е покачена на 146.002 сингапурски долари (101.303 евра), со цел да се намали сообраќајниот метеж во малата држава. Без ваква лиценца, граѓаните не можат ни да купат автомобили, чија цена веројатно и онака е меѓу највисоките во светот поради високиот данок. Ако во цената се вклучи и лиценцата, ист модел на автомобил во Сингапур е шест пати поскап отколку во САД.

Лиценците за поседување возила се воведени во 1990 година, кога се засилиле сообраќајните метежи. Тие мора да бидат обновени на десет години, при што корисниците се определуваат и за категорија – поевтини се лиценците за помали возила, мотоцикли и комерцијални возила, а поскапи за лимузини и џипови. Најевтината е 104.000 долари (72.153 евра), а најскапата „отворена“ лиценца, која ги опфаќа сите возила, чини 152.000 сингапурски долари.

Сингапур е земја со 5,9 милиони жители и најголема концентрација на милијардери во светот, но годишната просечна плата е околу 70.000 долари, (4.000 евра месечно), што значи дека е тешко да се издвојат средства за возило. На почетокот на оваа година на улиците имало 1 милион приватни возила.

Властите настојуваат да ги поттикнат граѓаните да го користат системот за јавен транспорт, кој исто така е меѓу најефикасните во светот. Само во изминатата година владата издвоила 60 милијарди долари за обнова и проширување на железницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот