Фото: Пекселс/ shvets-production

Борба или бегање: Како нашето тело се справува со стресна ситуација?

Кога се соочуваме со стресни ситуации, нашето тело активира механизми кои ни помагаат да се справиме со проблемот. Но, какви промени се случуваат во нашето тело, односно како мозокот го подготвува нашето тело да се справи со стресната ситуација?

Стресот како состојба предизвикува верижна реакција, која ги вклучува нервниот и ендокриниот систем. Како резултат на тоа, во нашето тело започнува синтезата на хормоните на стресот. Овој одговор на организмот има за цел да нè заштити од потенцијалната опасност, каде хормоните на стрес играат клучна улога, пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Првите проучувања на стресот

Американскиот физиолог Волтер Бредфорд Канон е еден од пионерите во областа на проучувањето на стресот. Тој следел различни физиолошки промени, кои се случуваат во организмот во состојба на стрес. Како резултат на неговото истражување, Канон го вовел терминот хомеостаза – физиолошка рамнотежа и се однесува на одржување на стабилноста на внатрешната средина на организмот.

Доколку некој фактор, физички или психолошки, ја наруши внатрешната рамнотежа, тогаш организмот влегува во состојба на стрес. Стресот ја претставува секоја промена во внатрешната или надворешната средина, која бара од нашето тело да се прилагоди, како одговор на стресната ситуација.

Најважните хормони на стрес

Кога организмот е под стрес, хипоталамусот иницира каскадна реакција, која резултира со ослободување хормони на стрес, како што се адреналинот и кортизолот. Овие два хормона пренесуваат пораки до целните орани преку крвотокот, така што телото може адекватно да одговори на промените во неговата околина. Ослободувањето на хормоните на стресот е природен начин на организмот да нè подготви за потенцијалната опасност.

Кортизол е кортикостероиден хормон или произведени од „zona fasciculata“ на надбубрежните кортекс, која е дел од надбубрежните жлезди. Тој обично се нарекува „главен хормон на стресот“, со оглед на тоа што неговото ниво се зголемува при стрес и анксиозност. Влијае на зголемување на крвниот притисок и шеќерот во крвта и го намалува имунитетот. Разни синтетички форми на кортизол се користат за лекување на различни болести.

Адреналинот е хормон и невротрансмитер, кој учествува во регулирањето на висцералните функции (на пр. респирација).Тој спаѓа во групата на катехоламини. Тој има повеќе улоги во организмот: зголемување на метаболитичките процеси (највеќе при студ или физичко напрегање), стеснување на периферните крвни садови и внатрешните органи (вазоконстрикција), проширување на крвните садови во срцето и на бронхиолите (вазодилатација), зголемување на нивото на глукоза во крвта (хипергликемија) и зголемување на крвниот притисок.

Фото: Пекселс/ daria-usanova

Реакција „бори се или бегај“

Во 1915 година, Балтер Канон бил првиот што ја опишал реакцијата на телото „бори се или бегај“. Во текот на своето истражување, тој најмногу се занимавал со работата на дигестивниот систел кој е под контрола на парасимпатичниот дел на автономниот (вегетативен) нервен систем. Канон заклучи дека овој систем успорува во стресни ситуации, бидејќи не е суштински за преживување. Од друга страна, забележал дека, за време на стресот, симпатичкиот нервен систем се активира со нагло ослободување хормони, што го подготвува телото да остане и да се соочи со заканата или да побегне на безбедно.

Телото може да остане во состојба на стрес до 60 минути откако ќе заврши опасноста. Кога парасимпатичниот нервен систем повторно се активира, телото се враќа во состојбата во која било пред стресот. Срцевиот систем се забавува, крвниот притисок се намалува, а дигестивниот систем продолжува да работи нормално. Оваа состојба се нарекува „одмори и свари“. Кенон објаснил дека одговорот „бори се или бегај“ е вроден механизам, кој ни овозможува да се соочиме со стресна ситуација и да ја надминеме воочената закана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот