БОМБАШКИ НАПАД ВО ШРИ ЛАНКА ЗА ВЕЛИГДЕН: Најмалку 50 загинати и 200 ранети (ВИДЕО)

Најмалку 50 лица загинаа, а над 200 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели во Шри Ланка.

Според полициски извори, речиси исто времено одекнале експлозии за време на велигденската миса во католичка црква „Свети Ентони” и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан” во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд”, „Кингбари” и „Шанги-Ла„ во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии гости престојувале во овие објекти.

Засега никој не презеде одговорност за експлозиите.

Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на конфликтот меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (ЛТТЕ) во 2009 година.

https://youtu.be/-BjGLuu1BoE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот