Болсонаро можеби е клучниот играч, дали САД стравува од неговата посета во Русија?

Жаир Болсонаро / Фото: Архива

Владата на САД го повика бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да ја откаже посетата со претседателот Владимир Путин во Русија поради зголемените тензии околу трупањето на нејзините војници во близина на Украина, пишува Ројтерс.

Дипломатскиот притисок, првпат објавен од весникот Folha de S.Paulo, се чини дека е дел од глобалните напори на Соединетите држави да ја изолираат Русија поради загриженоста за можен конфликт во Украина.

За Болсонаро, екстремно десничарскиот популист кој го загуби клучниот сојузник, поранешниот американски претседател Доналд Трамп, откако тој загуби од Бајден во 2020 година, патувањето планирано за овој месец, претставува шанса да го воспостави своето глобално влијание додека се соочува со тешка битка да победи повторно на изборите во Бразил оваа година.

Болсонаро и Трамп
Средба на Болсонаро и Трамп во јануари 2021-ва година/ Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Ќе му биде ли Болсонаро мотивација на Путин?

Американските власти се загрижени дека патувањето во Москва би можело да го охрабри Путин додека тој се впушта во преговори за да спречи инвазија, рече изворот на Ројтерс, кој не беше овластен да зборува јавно.

„Не е добро време за тој да оди во Русија“, рече изворот на Ројтерс, додавајќи дека американските власти „се обиделе да го одвратат (Болсонаро) од патувањето“, нагласувајќи дека тоа може да докаже „погрешна пресметка“.

Стејт департментот на САД и Белата куќа не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Бразилското Министерство за надворешни работи одби да коментира за ова прашање.

Бразилски дипломат, кој побара да остане анонимен, за британската агенција рече дека планот за патувањето на Болсонаро сè уште е во тек и дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен не го натерал Бразил да го прекине кога го повика бразилскиот министер за надворешни работи Карлос Франка во неделата.

„Воопшто не се зборуваше за откажување (на посетата)“, рече тој, додавајќи дека Соединетите држави знаат дека посетата на Болсонаро на Москва е само за трговија.

Весникот Фолха, повикувајќи се на бразилски дипломати, објави дека Болсонаро не планира да му понуди поддршка на Путин или да заземе страна. Се вели дека наместо тоа, Болсонаро ќе се придржува до областите од билатерален интерес, како што е трговијата, додавајќи дека не планира да го прекине патувањето.

Во понеделникот, Болсонаро рече дека се надева дека кризата со Украина ќе биде решена „во хармонија“. Говорејќи за време на телевизиско интервју, тој рече дека не очекувал да го покрене ова прашање за време на неговиот состанок со Путин, бидејќи сакал да се фокусира повеќе на економски теми како што е агробизнисот.

„Ако се појави таа работа, тоа ќе дојде од рускиот претседател“, рече тој. „Се надеваме дека сè ќе биде решено со спокојство, во хармонија. Бразил е пацифичка земја и нема што многу да се меша, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот