Болниците во Кабул преполни со ранетите од вчерашниот напад: „Погледите им беа целосно празни“

Болниците во Кабул преполни по нападите на Исламската држава/ Фото: EPA-EFE/STRINGER

Докторите и медицинските сестри во Кабул цела ноќ работеле за да им пружат помош на луѓето повредени во вчерашните терористички напади во близина на аеродромот на Кабул. Во нападите беа повредени околу 150 лица, пренесува Би-Би-Си.

Болниците во Кабул се под голем притисок поради намалениот број на персонал откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан.

Хируршкиот центар во Кабул, управуван од меѓународната хуманитарна организација „Emergency“, соопшти дека примиле 60 ранети за помалку од два часа, од кои 16 биле прогласени за мртви при пристигнувањето.

Претседателката на „Emergency“ ,Росела Микио, која не е во Авганистан, рече дека персоналот што ги завршил смените продолжил да работи за да им помогне на ранетите.

Медицинскиот координатор објави шокантни информации на Твитер за пациентите кои беа примени во болниците.

“Тие беа ужаснати. Нивниот поглед беше целосно изгубен, празен. Ретко кога сме виделе вакво нешто”, објави тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот