Боки 13 викендов ќе го мине во ГОБ „8-ми Септември“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Бојан Јовановски, првоосомничениот во предметот „Рекет“ е хоспитализиран во ГОБ „8-ми Септември“ од 26.11.2019 до денес петок 29.11.2019, со упат кој го издал доктор во ординацијата во КПВ „Шуто Оризари“, соопштуваат од градската болница.

-Сместен е во апартман во одделението за интензивна нега, заради почитување на безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здраствена состојба – е наведено во соопштението од Градската болница „8-ми Септември“.

Оттаму, појаснуваат дека Бојан Јовановски во моментот е во добра општа состојба и здраствена кондиција, а во установата ќе остане се додека не се комплетираат резултатите од спроведените испитувања.

Истиот, велат од болницата, планираат да биде испуштен најдоцна во понеделник (02.12.19) година.

Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството, оттогаш е во притвор а неговиот адвокат, Сашо Дуковски, постојано во медиумите вели дека во затворот има нечовечки третман и тортура врз обвинетиот Бојан Јовановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот