Боки-13: Не сум цвеќе за мирисање

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во својот завршен збор на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, првообвинетиот Бојан Јовановски познат како Боки-13 побара судот да донесе правична одлука, да го ослободи од одговорност, потенцирајќи да не му судат за неговиот лик и дело, за кои рече дека не се толку црни. Јовановски денес пред Кривичен суд во Скопје во својот завршен збор се пофали дека отсекогаш и за секаде бил среден и скоцкан, како и дека и денес, кога е спроведен од затвор е повторно среден. Пред Судот укажуваше дека неговата фамилија била ситуирана и никогаш не била без пари, и дека тоа што се облекувал побогато од другите секогаш му било проблем, дури и кога бил дете.

– Му предлагам на овој суд да ја базира својата одлука само на докази и да се отргне од влијание на шпекулациите. Народот ќе рече, „Со свој камен по своја глава”, а обвинителството си удри со свои докази по своја глава, истакна обвинетиот.

Никого не сакал да измами и ниту измамил, рече Јовановски.

– Не сум цвеќе за мирисање, но за ова кривично дело не сум виновен. Јас сум измамен од Стефан Богоевски и од Зоран Заев, а најмалку од оваа жена која седи овде, покажувајќи кон Фросина Ременски. Без занење на Зоран Заев ова не можело да се случи, ниту парите да бидат одблокирани, па сите знаеме како се се одвива во државата, истакна Јовановски.

Пресудата за овој случај е закажана за 7 април.

Ова ќе биде втора пресуда за Боки 13. Тој е веше во затворот во Идризово каде ја издржува 9 годишната затворска казна за случајот „Рекет“. Првообвинет во овој предмет е Бојан Јовановски Боки-13, кој според обвинителниот акт е обвинет за кривичните дела „измама и перење пари”‘. Обвинети во овој случај се и поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Ременски се товари за кривично дело „помагање во делото измама”, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари”, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари” и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје”. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз”.

Боки 13 и Фросина Ременски побараа изземање на обвинителката Вилма Рускоска од „Меѓународен сојуз“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот