Бојмацалиев: Денес пристигнуваат 400.000 обрасци за лични карти

лични карти
СП. архива

Бојмацалиев за време на посетата на ОВР Ресен информираше дека денес пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти.

Бојмацалиев сугерираше дека е информиран од Управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак сеуште од страна на кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.

„Бројката на неодбрени документи стига над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам и писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем.“, потенцираше Бојмацалиев.

Бојмацалиев и Тасевски ги посетија вработените во реконструираните простории на управните служби во ОВР Ресен, каде што беше констатирана одличната работа во процесот на промена на личните документи на граѓаните.

„Од вработените без информирани дека имаат одлични услови за работа. Нема поголеми гужви и се одвива тековно и во нормални услови.“, потенцираше Бојмацалиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот