Богојески за СП: Бугарија ќе биде седната на маса

Петар Богојески/ Фото Слободен печат

Според Петар Богојески од Македонски концепт, составувањето на идната бугарска влада по утрешните парламентарни избори ќе биде комплициран процес. Идната влада, вели тој, ќе има поинаков состав од сегашната, но ќе нема драстични промени кон Македонија.

– Единствена солуција за да се надмине македонско-бугарскиот проблем е сериозна посветеност на двете земји во меѓусебните разговори, со цел да се одбегне грчкото сценарио. Но, тие разговори треба да опфатат деидеологизација и објективизација на македонската историја и деромантизација на бугарската историја. Крајното решение го гледам во создавање на современ историски наратив што ќе оди во прилог на македонската државност. Подалеку од тоа во каков било компромис со Бугарија не можеме да одиме. Не смееме да дозволиме бугарскиот „божидаризам“ да ја сруши современата македонска република – вели Богојески за „Слободен печат“.

Запрашан што точно ќе ја мотовира Бугарија за да отстапи од ригидните позиции, тој додава дека Софија всушност се исплашила од имплементацијата на Договорот за добрососедство со Македонија и се вратила на позициите од времето на Тодор Живков.

– Притисокот од ЕУ за да се откочи евроинтегративнииот процес и поддршката од САД ќе ја принудат Бугарија да седне на преговарачката маса – проценува Богојески.

Утре се очекува да гласаат околу 2,5 до 2,9 милиони луѓе. Според најновата анкета води  владејачката партија ГЕРБ со 28,1 отсто, а зад него е БСП со 19,8 отсто. Според оваа анкета, радикалната ВМРО-БНП на Красимир Карачанов ќе освои 4 отсто од гласовите, колку што е изборниот праг за влез во Парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот