Богоев: Возете внимателно по новата еднонасочна улица „Прашка“

Од денеска почнува да функционира новиот сообраќаен режим на улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1. По оваа улица каде што има и повеќе воспитно – образовни установи, ќе се вози во една насока, со што ќе се ублажи метежот во овој дел од Карпош.

Денеска, за новото сообраќајно решение информираше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, како и менаџерот на Меѓународното училиште „Нова“, Иван Новаковски.

– Со новата хоризонталната и вертикална сигнализација ќе се придонесе кон подобрување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од Карпош. Тука веќе се поставија и четири платформи за забавување на сообраќајот (т.н. „легнати полицајци“). Во моментов се работи на поставување на „легнати полицајци“ и пред други основни училишта: „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Димо Хаџи Димов“ и „Братство“ – рече Богоев.

Пред медиумите се обрати и менаџерот на „Нова“, Иван Новаковски, затоа што ова меѓународно училиште го донираше проектот за целиот сообраќаен режим, а и во повеќе наврати ја покажаа својата општествена одговорност и грижа кон заедницата.

Новаковски потенцираше дека за еднонасочниот сообраќај разговарале со голем број родители и дека оваа иницијата денеска се реализира на негово задоволство.

– Тафталиџе 1 беше најпогодено од непланската урбанизација, а со овие мерки ќе се санира дел од направената штета – рече Новаковски.

Локалната самоуправа ќе продолжи со подготовка на проектите за еднонасочни улици, особено во деловите каде што има повеќе училишта и градинки.

Градоначалникот Богоев ги повика сите карпошани, граѓани, да ги почитуваат новите сообраќајни знаци, да возат внимателно и совесно, затоа што сите носиме одговорност за безбедноста во сообраќајот.

 [ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот