Бочварски: Со анексот само се продолжува рокот за изградба на автопатот Кичево–Охрид, нема дополнителни трошоци

Благој Бочварски / Фото: МИА

 Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се надева дека во најскоро време Собранието ќе ја усвои владината одлука за анекс-договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, зафат вреден 600 милиона евра.

Како што рече денеска, одговорајќи на новинарско прашање, имаше повеќемесечни преговори за продолжување на рокот на анекс-договорот кој веќе е усвоен во Владата и се испраќа до Собранието.

Според министерот, не се создадени дополнителни трошоци, само се продолжува рокот.

-Посакувам на првата наредна собраниска седница да биде првата точка за да се усвои во најскоро време, за да може да имаме силни градежни активности во наредниот период. Државата ги презеде своите активности и одговорности, но во овој нов анекс имаме ограничување и мерки кои ги даваме и ние како држава спрема изведувачите за да можат и тие со своите гаранции за рокот за конечна изградба на сите подделници да гарантираат пред државата дека ќе ги почитуваат тие рокови. Во еден партнерски однос очекувам дека ќе продолжиме за да го завршиме овој автопат до крајот на 2023 година. Тоа е многу сериозно автопатско решение, вредно 600 милиона евра, изјави Бочварски кој изврши увид на работите на втората делница на експресниот пат Градско – Прилеп.

Министерот повтори дека во анексот нема дополнителни трошоци.

-Сумата останува иста, само го продолжуваме рокот, само даваме обврски и одговорниости, и државата да ги заврши, и за изведувачите, рече Бочварски. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот