Бобан Милошески: Да се вратат концертите во Македонија до крајот на јули или ставам катанец!

facebook

Поради пандемијата на коронавирусот во Македонија се откажаа сите концерти, музички и културни манифестации и настани. По тој повод, денеска реагираше и првиот човек на „Авалон продукција“, Бобан Милошески, кој исто така, беше принуден да ги откаже и помести настаните поради коронавирусот.

„Полицискиот час како полициски час не е страшен. Ќе галами народот и ќе издржиме. Барем ние што нѐ мрзи да измислуваме по 123 трикови како да го ескивираме. Страшно е и поради тоа цела држава е во паника, што се има нула визија и минус нула реализација во тоа. Што по него? Како да се чувствувам јас, да речеме? Ние сме ги работеле во Белград Ајрод мејден, Ејми Вајнхаус, Симпли ред и барем уште 30 концерти. „Авалон“ го донесе Боб Дилан во Белград. И првпат, во градот во кој во 1970-тите биле Мајлс Дејвис и Тина Тарнер, ги донесовме Зи Зи Топ, Дијана Крал итн. Сега читам; концертите се вратија таму, Егзит продава карти за августовското намалено издание, а нас никој ниту нè прашал како сме, ниту има план и визија како би се вратиле во бизнисот, да речеме за некој месец и пол. Треба ли да ја преселам работата целосно таму? Изминативе три години ја преселив целосно овде. Еј, лани во Скопје беа Стинг, Лени, Ерос, Брајан Адамс. Во една година. Концертите се бизнис, тие се двигател и на туризмот, „Авалон“ има барем 100 надворешни субјекти кои живеат и се дел од соработката со нас. Имаме како „Авалон“ визија како да го заживееме Охрид од крај на јули, Скопје од крај на август. Овој пост е апел. По него следи катанец. Ама само за Македонија“, напиша Милошески на официјалната страница на фејсбук-профилот на „Авалон“:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот