Блинкен на 26 и 27 мај ќе ги посети Израел и Западниот Брег

Фото: EPA-EFE/VIRGINIA MAYO / POOL

 Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен на 26 и 27 мај ќе ги посети Израел и Западниот брег во рамките на напорите на Вашингтон да го зајакне примирјето во Појасот Газа.

Според извор запознаен со распоредот на Блинкен, шефот на американската дипломатија ќе го посети и Египет, кој посредуваше во договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и Јордан.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Палестинците стапи на сила ноќта на 21 мај со што запреа судирите кои почнаа 11 дена претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот