БИЗАРНА ШЕГА ИЛИ ЦЕЛОСНА ВИСТИНА: Доналд Трамп смета дека Меланија нема да плаче доколку го застрелаат!

Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Американскиот претседател Доналд Трамп на собир на републиканците на бизарен начин се осврна на нападот на конгресменот од сојузната држава Стив Скалис, кон кого во 2017 година пукаше психички болен маж.

– Неговата жена многу плачеше кога тоа се случи. Ја сретна во болницата, навистина беше вознемирена. Многу жени не би реагирале така доколку на нивните мажи им се случи слична трагедија. Знам дека мојата сопруга не би реагирала така – изјави Трамп.

Белата куќа сѐ уште официјано не ја коментираше изјавата на претседателот.

За потсетување, првата дама на САД минатата година во едно интервју не ја вознемируваат трачевите за својот брак, особено оние за прељубите.

– Секако, не е секогаш згодно, но знам што е исправно, а што погрешно, знам да ја разликувам вистината од лагите – рече таа своевремено.

Претходно во медиумите се појавува компилации од снимки на кои може да се забележи како Меланија одбива да го држи Доналд за рака, додека многу медиуми шпекулираа дека нивниот однос пред камери покажува оти двајцата не се во добри односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот