Битолски синдикалец си плаќал приватни судски трошоци со пари од службената сметка

Денари
Денари / Фото: МИА

60-годишен жител на битолско е осомничен дека ја злоупотребил службената положба како претседател на синдикална организација во битолска фирма, плаќајќи судски трошоци од негов приватен спор со парите од сметката на синдикатот, соопшти МВР.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М. (60) од с.Гнеотино, битолско, поради постоење основано сомнение за сторено кривични дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавениот, во текот на 2021 и 2022 година, во својство на претседател на синдикална организација при фирма од Битола, во три наврати извршил плаќања од службената сметка на синдикатот за лични потреби, односно за судски спор кој тој лично го водел со фирма од Скопје“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот