Битолчанец принудувал девојка на проституција, заработи кривична пријава

фото: Профимедиа

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.О.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција” казниво по член 191 од Кривичниот законик.

Пријавениот во период од две години се до 08.02.2023 на 20-годишна девојка од Битола ѝ договарал клиенти и локации во градот за одреден паричен надомест, а повремено и тој бил присутен на местото.

По преземени мерки и активности, тој бил лишен од слобода и му е поднесена пријавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот