„БИТКА“ ЗА КРАШ: Српски тајкун нуди двојно повеќе пари од конкурентите за акциите на загрепската компанија?

Фото: Flickr

По понудата на Месната индустрија „Браќа Пивац“ за преземање на кондиторската компанија „Краш“ по цена од 430 куни (3.545 денари) по акција, на Загрепската безра денес е објавена понуда на неименуван понудувач по цена од 1050 куни (8.657 денари) по акција. Понудата, која е речиси е два и пол пати поголема од онаа на месната индустрија „Браќа Пивац“ се однесува на 80.000 поединечни акции, што изнесува пет отсто од вкупниот број на сите акции, пишува српски „Вечерње новости“.

Како што додаваат, повикувајќи се на добро информирани извори, голема е веројатноста цената од 1050 куни да ја нуди компанијата „Kappa Star Limited“, која во претходниот период се стекна со 23,97 отсто од акциите на „Краш“. Со купувањето на дополнителни акции, оваа компанија би се стекнала со 30 отсто од вкупниот број на акции на хрватската компанија, нешто за што изминатите денови многу се зборуваше во јавноста.

Небојша Шарановиќ, српски тајкун и сопственик на „Kappa Star Limited“, и понатаму е недостапен за било каков коментар на тема за купувањето на акциите на „Краш“ и настаните на Загрепската берза.

За потсетување, Хрватската агенција за надзор на финансиски услуги (ХАНФА) ја одобри понудата на компанијата „Браќа Пивац“ за преземање на загрепската компанија „Краш“, откако месната индустрија од Вргорац пред самото затворање на Загрепската берза во вторникот објави понуда за преземање.

Имајќи во предвид дека неименуван понудувач понудил значајно поголема цена за акциите, според пишувањата на „Вечерње новости“, може да се очекува дека ќе дојде до нови промени во сопственичките структури, а се смета дека и постои можност оти „Kappa Star Limited“ да стане наголем индивидуален сопственик на акции во фирмата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот