Битиќи: Нацртот на Рама за статутот на ЗСО не му помогна на Косово во преговарачката позиција

Тирана, Албанија / Фото: Архива

Експертот за меѓународни односи Себ Битиќи изјави дека предлогот на премиерот Еди Рама за Заедницата на српските општини, испратен до Германија и Франција, не му помогнал на Косово во преговарачката позиција, пишува Коха. Во емисијата „Интерактив“ на КТВ Битиќи истакна дека за Нацрт-статутот предложен од Рама нема да се расправа на преговорите во Брисел.

„Мислам дека предлогот што премиерот Рама го испрати до Германија и Франција не му помогна на Косово во преговарачката позиција и не мислам дека тоа е предлог за кој ќе се разговара во текот на преговорите“, рече Битиќи.

Според него, официјална Тирана треба да го поддржи Косово за другите земји да го гледаат како партнер, а не обратно.

„Од Тирана се очекува официјална поддршка и ние сме во контекст каде Косово има за цел да биде вклучено и гледано како партнер од другите земји, а токму во овој момент, со откажувањето на седницата на двете влади, Албанија покажува дека не гледа Косово како партнер“, додаде Битиќи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот