Битиќи до Славески: За шест години ги зголемивме платите за 21,3%

Фатмир Битиќи - вицепремиер / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи му одговори на Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, откако тој на социјалните мрежи порача дека растот на платите во последните неколку години не бил онолку колку што тврди Битиќи.

„Професоре Славески, очигледно дека не ви лежат предметите каде се изучува методологија и економетрија, па си ги прикажувате бројките како ви одговара, и уште поочигледно некој ви дошепнал лош превод за „Кумулативна годишна стапка на раст“, тука нема ништо „сложено“. Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека просечната плата за 2006 треба да се зголеми за 2.300 денари кои во тоа време беа дополнително исплаќани како додаток за превоз и исхрана, а не влегуваа во нето платата. И кога ќе се корегира вашата весела математика со овој факт, добиваме дека нето платите од 2006 до 2016 номинално пораснале не за 65,3%, туку за 41,2%, па оттука реалниот раст на плати за периодот од 2006 до 2016 година е 11,2%. Што е повеќе, 11,2% за 10 години, или 21,3% за шест години???“ вели Битиќи во објавата.

Битиќи на крајот, потсетува дека Владата каде тој е вицепремер, го вовела недела како неработен дена за сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот