Бислимоски: Да се насочиме кон потенцијалите на обновливите извори на енергија

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски на денешното предавање на Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, посветено на енергетската независност, посочи дека инвестициите во енергетиката на секое поле се единствен начин за зајакнување и зголемување на енергетската независност.

На прашање на студентите како да се обезбеди базна енергија во состојба кога зелената енергија се форсира, а резервите со јаглен се трошат и сценариото со фосилни горива се напушта и дали нуклеарна централа е решение за енергетска независност на регионот, Бислимоски истакна дека како држава треба да се насочиме кон искористување на потенцијалите на обновливите извори на енергија, односно производството на електрична енергија од Сонце, ветер, вода.

-Во исто време треба да се спроведува енергетската транзиција од фосилни горива на природни енергенси, каков што е примерот со блоковите на РЕК Битола што ќе се адаптираат од јаглен на гас, и тоа е еден од клучните чекори што треба да се случат во иднина. Реализацијата на капиталниот енергетски проект ХЕЦ Чебрен ќе ја зголеми енергетската независност и ние мора да ги искористиме нашите потенцијали во овој сегмент. Друг аспект за кој треба да се зборува е како да се обезбеди базна енергија, затоа што резервите на јаглен се трошат и се при крај, а во ЕУ има сериозен тренд на затворање на термоелектрани, а на оние што се во функција ќе им се воведе давачка во однос на CO2., истакна Бислимоски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот