Фото: The Print Collector / Heritage Images / Profimedia

Би можел да достигне цена од 64.000 евра: Часовник на Данец кој загина на Титаник ставен на аукција

Џебен женски часовник пронајден меѓу личните работи на патник која го загубил животот на првото патување на Титаник, може да се продаде на аукција за нешто повеќе од 64.000 евра, пренесува „Индепендент“.

Данецот Ханс Кристенсен Гивард (27) патувал во втора класа и бил еден од 1.500 луѓе кои загинале откако бродот удрил во санта мраз во 1912 година. Гивард патувал за САД со двајца пријатели кои исто така загинале во несреќата. Часовникот бил пронајден кога телото на Гивард било извлечено од Северниот Атлантик и подоцна погребано во Халифакс, Канада.

Во џебовите биле пронајдени штедна книшка, клучеви, пари во паричникот, сребрен часовник, компас и пасош, како и позлатен женски џебен часовник на кој солената вода оставила траги од корозија. Сите негови работи му биле вратени на неговиот брат кој живее во Данска, а сега часовникот го продаваат неговите потомци.

Несреќната приказна за Гивард ги инспирираше кураторот Јеспер Хјерминд и неговата внука, новинарката и американска државјанка Мете Хјерминд Мекол, да ја напишат книгата „Титаник – Дански приказни“, во која се споменува џебниот часовник. Часовникот ќе биде понуден на аукција на 26 април од аукциската куќа Хенри Олдриџ и Синот на Девизес, Вилтшир.

„Овој предмет беше документиран во официјалниот попис на предметите на Ханс, составен од властите во Халифакс, Нова Шкотска, во неделите по катастрофата на Титаник и оттогаш остана во неговото семејство. Механизмот на часовникот е замрзнат во времето, во моментот кога студените води на Северниот Атлантик го проголтаа не само неговиот сопственик, туку и најпознатиот океански брод на сите времиња, Титаник, на 15 април 1912 година“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот