БГНЕС: Црвено светло за старт на преговори на Македонија бараат 84 отсто Бугари

скопје луѓе пензионери клупа плоштад
Пензионери во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Бугарската БГНЕС објави анкета со податоци од социолошкото истражување на „Алфа рисрч“, која покажува дека огромен број на испитаници во Бугарија, односно 84 отсто, бараат од Владата на Борисов да не дозволи почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, се додека ние не ги признаеме „јазичните и идентитетските бугарски корени“.

Додека пак само 10,2 отсто од Бугарите сметаат дека Софија треба да ја поддржува Македонија независно од однесувањето кон фактите од историското минато, пренесува БГНЕС.

Над половина од анектираните, односно 54,1 отсто, рекле дека Бугарија треба да го признае современиот Македонски идентитет само ако Македонија признае дека на почетокот од 20 тиот веке голем дел од населението се самоопределувало како Бугарско, а новиот идентитет започнува по 1944 година, без да ги засега граѓаните на Бугарија и нивните предци.

Речиси една третина, односно 29,5 отсто се против признавањето на Македонскиот идентитет, а „за“ се само 6,10 проценти..

Само 4,5 отсто велат дека Бугарија мора безусловно да го признае македонскиот јазик.

ВИДЕO | Радев: Членството на Северна Македонија во ЕУ е исклучително важно, но мора да има јасни гаранции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот