Бездомни кучиња усмртиле пет кози во гостиварско

Кучиња скитници
Кучиња скитници / Фото: МИА

Пет кози умреле од повреди откако бездомни кучиња во трлото на фармата на Синан Елези во селото Чајле Гостиварско.

Според првични сознанија, нападот се случил рано утрово, кога еден од соседите забележал куче во трлото и го повикал сопственикот.

– Рано утрово соседите ни јавија да дојдеме на фармата на која чуваме седумдесет кози. Еден од нив видел како куче се шета во трлото и му станало сомнително. Кога дојдовме, забележав дека неколку кози имаат рани, а неколку лежеа неподвижни. Повикавме ветеринар и тој ни потврди дека се искасани од кучиња, изјави за МИА Елези.

Тој нагласи дека и претходно имало слични напади, но не биле со вакви последици и толкава штета. Откако ќе биде направен целосен увид, ќе се утврди и штетата која според првичните процени на сопственикот надминува 30 илјади денари.

Пред неполни три месеци, штети од напад на бездомни кучиња имаше и во стадо на сточар од селото Здуње. Тамошните жители и Синан, сточарот од Чајле посочија на опасноста која демнее, бидејќи како што рекоа, ваквата агресивност на кучињата може да доведе до трагичен исход, доколку нападнат деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот