Без вода дел од Маџир Маало

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска од 9 часот без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците во населбата Маџир Маало во Општина Центар.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од скопското ЈП „Водовод и канализација”, поради уличен дефект ф-2″ на улица „Раде Јовчевски Корчагин” број 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Маџир Маало

Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со санација на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот