Без оглед кој ќе биде претседател: САД да останат лојални сојузници, порача Столтенберг

фото: Јенс Столтенберг ЕПА

САД да останат „силен и лојален“ сојузник на останатите земји од Алијансата без оглед на тоа кој ќе победи на претседателските избори во таму во ноември – ова се очекувањата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, сега претендент за претседателската номинација на Републиканската партија за есенските избори, одржа говор на почетокот на февруари на предизборен митинг во државата Јужна Каролина што предизвика загриженост кај голем број земји-членки на НАТО поради можноста тој да се врати во Белата куќа, пишува МИА.

Трамп тогаш рече дека како претседател на САД, му кажал на шефот на држава на земја на НАТО која не сакала да ги зголеми трошоците за национална одбрана дека во таков случај не само што нема да ја брани земјата за која станува збор според договорот на Алијансата во случај на напад од Русија, но и би го „охрабрил“ рускиот претседател Владимир Путин „да прави што сака“.

Главен ривал на Трамп на ноемвриските избори е актуелниот американски претседател, демократот Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот