Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Без Адеми, Бејтулаи и Тошевски против Естонците!

Победата над Косово секако им дава уште поголем поттик на нашите најдобри фудбалери да остварат добар резултат и во утрешниот натпревар против Естонија (18.00 часот).

Но, селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски, се соочува со проблеми во составот за дуелот во Талин.

Поради повреди ќе недостасуваат Егзон Бејтулаи, Кристијан Тошевски и Аријан Адеми, а поради црвен картон (од дуелот со Ерменија) во составот за мечот со Естонија нема да биде ниту Висар Муслиу. Под знак прашалник е настапот на Стефан Ристовски.

Со евентуален триумф против Естонија на ова гостување ќе ги продолжиме добрите шанси за освојување на првото место во групата.

Сејдини: Бидете горди, вие сте нашата најуспешна генерација!

Имаме добар учинок во меѓусебните дуели со Естонците во досегашните мечеви, во пријателски натпревар на 31 август 1994 година триумфиравме во Скопје со 2:0. 10 години подоцна во Талин исто така во контролен меч во Талин бевме подобри со 2:4. Во квалификациите за ЕП 2008 повторно го освоивме Талин (0:1), а во главниот град ремизиравме 1:1.

Во наша корист оди и податокот што Естонија нема триумф од март минатата година кога со само 0:1 славеше кај Гибралтар, оттогаш во последните 11 натпревари има дури 10 порази, извлече едно реми на гости кај Белорусите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот