Бесплатен влез за натпреварот на најдобрите македонски ракометарки против Шпанија

фото: РФМ

Како што информираат од Ракометната федерација на Македонија (РФМ), бесплатен ќе биде влезот за сите љубители на ракометот и спортот за новиот натпревар за најдобрата македонска женска ракометна репрезентација во квалификациите за Европското првенство 2024 против Шпанија.

Овој меч ќе се игра на 29 февруари (четврток) со почеток од 18.00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Потсетување дека нашите најдобри ракометарки предводени од селекторот Кристијан Грчевски стартуваа со две победи во квалификациската група „5“ дома против Азербејџан (40:17) и на гости против Литванија (31:28).

Шпанија е фаворит во оваа група, се очекува фокусот да биде насочен кон Литванија и Азербејџан против кои во април ќе се атакува на нови победи и се потврди пласманот на следниот континентален собир кој ќе се организира во Австрија, Унгарија и Швајцарија од 28 ноември до 15 декември.

Вториот меч меѓу Шпанија и Македонија е закажан за 3 март во Ланзароте (17.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот